Нетпрес објави дека случката била пренесена од вознемирените гости, кои биле во моментот на тепачката во ресторанот. Како што сведочат тие за порталот, синот на пратеникот бил толку револтиран што гостите во секој момент очекувале да биде употребено и оружје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2019 16:10

Син на пратеник истепал вработен во познат скопски ресторан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ужас во еден скопски ресторан се случил откако син на пратеник претепал вработен. Како што дознава порталот Нетпрес, станува збор за син на пратеник од владејачката коалиција кој наводно претепал келнер во скопскиот ресторан „Дион“ во ГТЦ.

Нетпрес објави дека случката била пренесена од вознемирените гости, кои биле во моментот на тепачката во ресторанот. Како што сведочат тие за порталот, синот на пратеникот бил толку револтиран што гостите во секој момент очекувале да биде употребено и оружје.

Тепачката се случила во скопскиот ресторан Дион

Според првичните информации напаѓачот се појавил заедно со група пријатели и по бројните закани за наводен долг на вработениот кон него, синот на пратеникот почнал и да го удира, на што реагирале останатите вработени и ги одвоиле, но расправијата продолжила.

Се уште МВР нема информации за тоа која била причината за тепачката, во моментов полицијата врши увид и се уште нема информации кои се учесниците. Од МВР и посочуваат дека подоцна ќе соопштат повеќе детали.

Инаку ова не е прв напад од страна на син на функционер, претходно во скопската дискотека Марино беше прободен со нож младиот полицаец Филип кој по нападот изгуби бубрег и слезина.

За нападот врз Филип се осомничени браќата Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести