Иако сексуалниот напад и насилството се пријавени во полиција, против мизогиничниот сексуален престапник Локвенец, сеуште не е поднесена кривична пријава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2019 13:44

Хорор: Синот на пратеникот Хари Локвенец, сексуално нападнал девојка – потоа ја тепал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Економски Лидер

Ексклузивни документи достави свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“. Документите сведочат за сексуалниот напад и физичкото насилство кои на 14 месецов во локал во Прилеп го извршил Илија Локвенц, син на пратеникот Хари Локвенец.

Ексклузивни документи до кои дојде порталот Економски Лидер

Иако сексуалниот напад и насилството се пријавени во полиција, против мизогиничниот сексуален престапник Локвенец, сеуште не е поднесена кривична пријава.

Младата девојка Викторија од Охрид, во нејзиното сведочење пред полицијата, говори за ова мизогино насилство.

-На ден 13.09.2019 околу 03.34ч:04.00ч, јас и мојот другар Борче… од Велес бевме во клубот „Собрание“ во Прилеп. Кога излеговме да си одиме пред влезот на клубот ми пристапи пријавението Илија кој сакаше да ме бакне, ме допре по задникот, јас го одбив и го оттргнав од мене бидејќи не сакав и тогаш Илија ме удри 5-6 пати со шамари по ливето. Тогаш мојот другар Борче сакаѓе да ме одбрани, а Илија и него го удри 2-3 пати со шамари по лицето по што избега. Ние се јавивме во полиција а потоа не ушатија во ИМП прилеп по ѓшто дојдовме во ПС од ОН Прилеп за да го пријавиме настанот. – сведочи девојката Викторија од Охрид, која била сексуално нападната и тепана од синот на пратеникот Хари Локвенец.

Откако ја наопаднал девојката, синот на пратеникот Хари Локвенец го тепал и нејзиниот другар кој сакал да ја одбрани. Сопственкот на локалот, го предупредил да не го пријавуваат случајот во полиција, затоа што таткото на сесуалниот престапник и напаѓач е пратеник.

Целиот текст и ексклузивните документи до кои дојде Лидер прочитајте го ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести