Каков е овој живот, на крајот, народот, правдата, секогаш издвојува победа!“, напиша Груби.

Објавил: Владо Марин | 6 март, 2020 9:51

СКАНДАЛОЗНА ПРОВОКАЦИЈА НА ГРУБИ: Училиштето кое до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско

Фото/Текст извор: ©Магазин

Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, во својот пост на Фејсбук за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, припадник на ОНА кој загина во војната во 2001 година, констатира дека „на крајот, народот и правдата, секогаш извојуваат победа“, пишува 24 вести.

Груби пишува дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.

„Мајка ми, учителка, беше дел од училиштето уште од првиот ден од основањето, заедно со тетка ми, сопругот на тетка ми, кој веќе е починат и беше првиот од албанските учители што го избркаа заедно со многу други.

Колку ѓаволски креативни причини се измислуваа за да ги избркаат од работа, од употребата на албанскиот јазик, до цртање на орелот на таблата, подигнување на два прста, заговори и друго.

Мајка ми се пензионираше во истото училиште каде ги виде и ги доживеа сите предизвици на системот заедно со другите наставници, но сите тие не запреа и израснаа многу здрави генерации, вели Груби!

Ардијан, мојот постар брат, Ветон, мојот помал брат, јас, мојата ќерка Хера до вчера, мојата втора ќерка Јуна од годинава, ние сите сме дел од генерациите на тоа училиште со многумина од моето семејство и пријатели.

Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!

Каков е овој живот, на крајот, народот, правдата, секогаш издвојува победа!“, напиша Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...