сабота, 27 април 2024

MK/ EN/ DE



Премиерот Трудо мораше да се извини поради шминкање !

Објавил: Узунов Бобан | 19 септември, 2019 8:56

СКАНДАЛ ВО КАНАДА: Премиерот Трудо мораше да се извини поради шминкање !

Фото/Текст извор: ©магазин

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини поради шминкањето на неговото лице со темна боја во 2001-ва година, откако за него незгодната фотографија се појави на интернет во пресрет на изборите во Канада.

Фотографијата на 29-годишниот Трудо со лицето кое што го затемнил со шминка е голем удар за премиерот кој често говори за потребата за борба против расната дискриминација и кој во својот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло.

„Требаше тогаш да знам повеќе, но не знаев. Длабоко жалам поради тоа што го сторив“, изјави Трудо пред новинарите откако „Тајм“ ја објави спорната фотографија.

„Го облеков костимот на Аладин и ставив шминка. Не требаше да го направам тоа“, изјави Трудо за фотографијата на која се гледа како носи турбан и бела наметка, додека неговото лице е нашминкано за да биде црномурест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.