Почетокот на новата 2020 година на 01.01 годинава, реисот Сулејман Реџепи ја започнал со повици на верски екстремизам, при отварањето на новат џамија во кумановското село Опае, каде повикувал на ликвидација на „кучињата“, мислејќи на „кодошите“, не-муслиманите и оние кои имале различно мислење од неговото.

Објавил: Весна Петровска | 24 јануари, 2020 10:42

СКАНДАЛ ВО ЏАМИЈА: Реисот Сулејман Реџепи повикува на ликвидации и почитување на Шеријатот!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Ширење на верски екстремизам и повик за насилство е последниот скандал во кој е вмешан реисот Сулејман Реџепи, откако при отворање на џамија повикувал на убиство на „кучињата“ меѓу нив, објави Вечер

Почетокот на новата 2020 година на 01.01 годинава, реисот Сулејман Реџепи ја започнал со повици на верски екстремизам, при отварањето на новат џамија во кумановското село Опае, каде повикувал на ликвидација на „кучињата“, мислејќи на „кодошите“, не-муслиманите и оние кои имале различно мислење од неговото.

– И треба да бидете сигурни дека меѓу нас имаме некои кучиња. Тие се(збори арапски) најгнасните кучиња на Господ. Тие што го уништуваат единството на нашиот народ. Тие што му штетат на исламот. Тие што му штетат на нашиот верски и национален идентитет.
Би ве замолил во оваа прилика, бидејќи е голем ден, да се потрудиме, да се обидеме да ги идентификуваме кои се кучиња, кои се муслимани, кои се добри луѓе. Јас не знам дека некој од другите, самиот бараше да му ги оставиме нашите прашања од суштинско национално и духовно значање. Не знам, ако вие знаете некој кажете ми го, да го запознам и јас него. – вели во говорот Реџепи.

Тој понатаму ги споредува овие луѓе со штетници кои шират зарази и болести, а во претходниот систем биле „решавани“ и чистени.

– Овие нашите одат во онаа категоријата на кучиња скитници, како овците по солта, бидејќи јас сум чувал и овци, сум бил и овчар. И кога нема, кога ја немаш власта, ја немаш татковината, не си независен, треба да зависиш од тие кучињата скитници. Тие… Нешто друго, се чистат тие. Како факт ќе го споменам минатиот систем, тие од време на време по план и по програм и ги чистеа бидејќи тие ширеа болест, ширеа загаденост.- објаснува Реџепи.

На крајот, тој повикува на убиство, повикувајќи се на Шеријатот како закон кој мора да се следи, иако во Македонија следење и почитување на друг закон освен државниот е кривично дело наречено двовластие и е апсолутно забрането.

Според членот 319. од Кривичниот Законик на Македонија пак, реисот Сулејман Реџепи врши говор на омраза, а поттикнува и насилство, како и ширење на верски екстремизам.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...