Фудбалерот бил фрапиран од односот на вработените кон него, со оглед дека е македонски репрезентативец и игра во дрес со државниот грб, а откако тие сфатиле кого го избркале, веќе било доцна.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јуни, 2019 20:06

СКАНДАЛ: Македонскиот репрезентативец Алиоски избркан од ресторан, бидејќи зборел на Албански!

Фото/Текст извор: ©гол.мк

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски реши да ја мине паузата во својот роден град Прилеп, но се најде во доста незгодна ситуација, затоа што со семејството беше избркан од еден од градските ресторани.

Алиоски достави допис до редакција на гол.мк во кој вели дека влегол со еден од братучедите во прилепски ресторан, по што направиле нарачка.

Кога дошло неговото семејство, вработените ги чуле дека разговараат на албански јазик, во случајов мајчин јазик на неговото семејство, па решиле да им кажат дека мора да заминат.

Езѓан Алиоски (роден на 12 февруари 1992) е македонски фудбалер, десно крило на Лидс Јунајтед и на македонската репрезентација.
Исто така има и швајцарски пасош.

Фудбалерот бил фрапиран од односот на вработените кон него, со оглед дека е македонски репрезентативец и игра во дрес со државниот грб, а откако тие сфатиле кого го избркале, веќе било доцна.

Алиоски е револтиран од целата ситуација, а нормално, овој потег на прилепчани е за тотална осуда. Македонскиот фудбалер е по потекло од селото Црнилиште, но на една година заминал со семејството да живее во Швајцарија.

Алиоски ја започнува својата клупска кариера во вториот тим на Јанг Бојс каде во периодот од 2010 до 2013 постигнал 4 гола на 57 натпревари. Во јануари 2013 година преминал во Шафхаузен како позејмен играч каде подоцна прави и целосен трансфер. За тимот на Шафхаузен постигнал 4 погодоци на 77 натпревари.

Во јануари 2016 година, Алиоски преминал во редовите на прволигашот Лугано на заем до крајот на сезоната 2015-2016.

Своето деби за Лугано го направил на 13 февруари во поразот со 2-1 од Тун. Иако бил доведен како лев бек, тренерот на Лугано Зденек Земан увидел во него голем напаѓачки потенцијал и започнал да го користи понапред како десно крило па дури и како напаѓач до крајот на сезоната. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 11 мај 2016, во победата со 4-0 над Цирих.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...