Инаку тој на денешната закажана седница ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 мај, 2019 11:55

СКАНДАЛ: Мицковски не добил покана за инаугурацијата на Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, кој беше избран по пат избори денеска ќе биде инаугуриран на седница во Собранието, со што и официјално ќе го започне неговиот петгодишен мандат.

Инаку тој на денешната закажана седница ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.

Талат Џафери. актуелниот претседател на Собранието за МИА изјави дека досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од српскиот претседател Александар Вучиќ, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски вчера го доби уверението од ДИК

На шестите претседателски избори по ред победи Пендаровски со што тој ќе биде петтиот шеф на државата од нејзиното осамостојување. Пред него претседателската функција ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов кој два пати последователно беше избран за претседател.

Но од опозициската партија реагираат дека лидерот Христијан Мицкоски не бил воопшто поканет на денешниот свечен чин, денот кога новоизбраниот претседател ќе биде инаугуиран. 

„Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци. А, попладне ќе биде со своето семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести