Новинарката Јоци вербално нападната

Објавил: Узунов Бобан | 29 септември, 2019 8:30

СКАНДАЛ: Новинарката Јоци вербално нападната од новинарот Кежаровски, има снимки од настанот ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Во 20 ч. И 28 минути, вечерва, на улица Мите Богоевски во населба Лисиче, бев вербално нападната од Томислав Кежаровски додека бев внатре, во мое возило.

Додека барав паркинг место на улицата каде живее другарка ми, на која и’ е роденден, во еден миг застанав пред нејзината куќа, а тој наеднаш се создаде на мојот прозорец од возилото. Почна да се расправа, бидејќи вчера ја кажав вистината, на што јас не излегувам од моја кола во ниеден миг, напротив тој цело време стои и има конфликт со мене.

Во моментот кога заминува и е на пет метри, излегувам и почнувам да викам ,,ѓубре ѓубросано”, на што моите пријатели излегуваат на тремот од куќата и го гледаат неговото бегање.
Имаше сведоци на настанот, кој, за среќа поради непреземноста на Кежаровски и лабилноста, не прерасна во многу поголемо нешто.

Целиот настан е снимен со домашни безбедносни камери.

На нив се гледа, дека овој човек, кој на СДСМ митинзи држеше микрофон и го глорифицираше, а СДСМ го ,,игра”, неколку минути пред да пристигнам кај другарка ми, стои на улицата и чека.
Во моментот кога пристигнувам пред вратата од дворот на другарка ми, тој се приближува до моето возило, намерно.

Повеќе детали, утре.

П.С : Овој статус е јавен и може да го пренесе било кој комерцијален медиум и луѓе на социјални мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести