Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов демонстративно ја напушти манифестацијата на АМС поради двојазичност.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2018 10:23

СКАНДАЛ : Поради двојазичност Стојанче Стоилов револтирано ја напушти манифестацијата на АМС

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Стојанче Стоилов, македонскиот ракометен репрезентативец, предвреме го напушти изборот на Спортист на годината организиран од Агенцијата за млади и спорт (АМС), реагирајќи на двојазичноста за време на манифестацијата.

Стоилов веднаш станал и си заминал – демонстративно ја напуштил манифестација која за првпат е двојазична. 

Капитенот на РК Вардар, пикерот Стојанче Стоилов станал и си заминал кога слушнал дека добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.

Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански јазик.
Стојанче Стоилов видно револтиран  и нервозен поради тоа, веднаш станал и си заминал од изборот на спортист на годината, кој се одржа во истиот хотел каде што се сместени сите ракометари , кои се подготвуваат за Мундијалот во Германија и Данска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...