Според инфографиката на Владата 16 проценти од добитниците се Македонци а по нив следуваат Роми со 11 %, Турци со 7 % и Бошњаци со 1 %.

Објавил: Владо Марин | 9 јуни, 2020 6:46

СКАНДАЛ: 2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…

Фото/Текст извор: ©Vecer

Близу две третини или 64 % од добитниците на владините ваучери за помош поради коронавирусот се етнички Албанци, ова го покажува докуменот кој се појави на социјалните мрежи, а потекнува од владината електронска дата база.

Според инфографиката на Владата 16 проценти од добитниците се Македонци а по нив следуваат Роми со 11 %, Турци со 7 % и Бошњаци со 1 %.

Објавената инфографика покажува дека ниту еден Влав или Србин нема да добие картичка за ваучер од Владата. А власта се уште се нема огласено пред јавноста зошто е тоа така.

Картички за ваучери треба да добијат околу 120.000 граѓани или приближно 75 илјади Албанци, 20 илјади Македонци, 13 илјади Роми, 9 илјади Турци и 1200 Бошњаци.

Денесна СДСМ најави дека вкупно 115 илјади граѓани ќе добијат ваучери за домашен туризам.

Според изворот на инфографиката со овој план на Владата се прави обид за изборен поткуп преку идентификација на гласачи кои за возврат за добиен ваучер ќе го дадат гласот за СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести