Рамномерното развивање на градот е еден од императивите кои јас ги имам како градоначалник, да ги пробиеме непробиените коридори што се предвидени во Генералниот урбанистички план.

Објавил: Владо Марин | 8 јуни, 2020 17:58

СКОПЈЕ ДОБИ НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ЧАИР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градот Скопје ја заврши изградбата на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општината Чаир. Покрај изградбата на кружната крстосница со надворешен радиус од 11,5 метри и со асфалтна површина од околу 3.800 квадратни метри, изведени се и водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација.

Поставено е и ЛЕД осветлување со 24 нови канделабри со висина од 7 метри.

– Станува збор за инвестиција вредна околу 20 милиони денари, инвестиција која што ќе им овозможи на граѓаните од овој дел од градот поголема безбедност во сообраќајот имајќи предвид дека во непосредна близина на овој кружен тек се наоѓа ОУ „Петар Здравковски Пенко“, средното училиште „Арсени Јовков“ и поликлиниката „Чаир“. Во неколку наврати, во текот на изборите и веќе две години откако сум градоначалник, кажувам дека инвестирањето во инфраструктурата на северниот дел од градот е многу битна за развојот на градот.

Градот Скопје ја заврши изградбата на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во општината Чаир. Покрај изградбата на кружната крстосница со надворешен радиус од 11,5 метри и со асфалтна површина од околу 3.800 квадратни метри, изведени се и водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација.

Рамномерното развивање на градот е еден од императивите кои јас ги имам како градоначалник, да ги пробиеме непробиените коридори што се предвидени во Генералниот урбанистички план.

Веќе го завршивме булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а интензивно се работи на булеварот Босна и Херцеговина. Кога ќе се поврземе со булеварот Словенија веќе ќе може да зборуваме за поврзување на општините Карпош, Чаир, Бутел и Центар на еден поинаков и поквалитетен начин – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Значајно е да се нагласи дека околу кружниот тек е изведена и велосипедска патека која во текот на оваа сезона ќе се продолжи по улицата Кемал Сејфула, со цел да се овозможи приклучување на овој дел од градот во велосистемот на Град Скопје.

Шилегов денеска се заблагодари на граѓаните за покажаното трпение додека се изведуваа градежните работи на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести