Невообичаено ниски температури за овој период од годината

Објавил: Узунов Бобан | 16 август, 2019 8:55

Следува понатамошно ЗАЛАДУВАЊЕ –невообичаено ниски температури за овој период од годината

Фото/Текст извор: ©магазин

Под влијание на МНОГУ ПОСВЕЖА воздушна маса која продира од север понатаму ќе услови нов пад на температурите на воздухот и истите до утре изутрина понекаде ќе се спуштат и под 10°C, односно минималните температури на воздухот до утре изутрина ќе се спуштат во интервалот од 9 до 18 степени во најтоплите предели од државава. На планинските места температурите на воздухот се очекува да се спуштат дури и под 5°C.

Со ова температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината односно ќе бидат пониски од нормалните.

Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец и тоа особено долж повардарието, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално и подолги додека и понатаму се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи.

НАПОМЕНА: Оваа нагла и голема промена на времето ќе влијае МНОГУ ЛОШО, особено врз метеопатите, кај кои се можни и поголеми здравствени проблеми.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести