Денеска, 17 јуни, една година од Преспа, прво добивме нов пријател. Не дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси

Објавил: Весна Петровска | 17 јуни, 2019 13:49

СЛОЖНИ БРАЌА КУЌА ГРАДАТ, а кај нас ни темелот не е поставен – Заев вели вредело!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска се одбележува  една година од потпишувањето на Преспанскиот договор, по тој повод премиерот Зоран Заев кој беше на вежбата за Одлучен удар од новинарите беше прашан кој беа придобивките од договорот.

Една година од потпишувањето на Преспанскиот договор.

– Денеска, 17 јуни, една година од Преспа, прво добивме нов пријател. Не дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси. Еве после една година првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, во нашата подготовка, заради после неколкумесечното целосно членство во НАТО. Тоа е голема стратешка цел на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти. Тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност – рече Заев.

Исто така Заев додаде дека нашата земја е пред добивање на датум за ЕУ.

– Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот доказ е сето тоа како еден сублимат. Договорите дефинитивно куќа градат. Ние преку тоа ја градиме нашата заедничка куќа Република Северна Македонија Во која сите ќе останат овде. Кадешто ќе живеат заедно организирајќи го својот живот со своите деца. Животот едноставен и еден мора да го направиме да биде подобар, попримамлив и посреќен за сите – потенцира премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести