За потсетување, жената (78), жртва на убиството во Гостивар, настрадала доцна синоќа во сопствениот дом, дознава Алсат.

Објавил: Весна Петровска | 1 септември, 2019 21:07

СЛУЧАЈОТ Е РАСЧИСТЕН: Фатен убиецот од Гостивар

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Расчистено убиството во семејната куќа во Гостивар, насилникот кој сее сомничи за убиството е приведен.

СВР Тетово- НККР Гостивар до ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (46) поради основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, казниви по член 123 ст.1 и член 123 вв член 19 од КЗ на РСМ. Пријавениот е лишен од слобода на 01.09.2019 во 5.40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од ПС Гостивар.

Пријавениот на 01.09.2019 после 3 часот во стан во зграда на ул. Илинденска во Гостивар со употреба на нож ја усмртил С.Т. (78) и се обидел да ги усмрти и С.Р. (54) и Б.Р. (60), поради наводен паричен долг од Б.Р. кон Ѓ.Д. По преземени мерки и активности, Ѓ.Д. е лишен од слобода од страна полициски службеници.

Расчистено убиството во Гостивар, полицијата осомничи едно лице за масакрот во семејната куќа, причината за убиството била поради пари

За потсетување, жената (78), жртва на убиството во Гостивар, настрадала доцна синоќа во сопствениот дом, дознава Алсат.
Според информациите од Алсат, сторителот бил во нејзината куќа, каде што имало уште две други лица и ги нападнал со нож.

Возрасната жена починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.

– Сопружниците С.Р. (54) и Б.Р (60) кои утрово беа пренесени со повреди на скопските клиники, се во стабилна здравствена состојба. Според директорот на клиниката за торкална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи по санирањето на повредите, пациентите се задржани заради лекување и дополнителни испутувања. Жената имала повеќе од 20 убодни рани, а мажот потешка повреда на главата.

– Пациентката е примена со повеќе од 20 рани по телото и главата. Од еден убод со остар предмет кој ѝ е нанасен во градниот кош, оштетена е плеврата и таа повреда е санирана. Во текот на денот, се направени и други хируршки интевенции, со оглед дека жената има повеќе убодни рани по рацете, лицето и телото. Мажот е примен со повреда на главата и е префрлен на КАРИЛ каде се испутува дали има мозочно крварње и во каков обем. Засега и двајцата пациенти не се во живото-загрозувачка состојба, изјави за МИА Неџати Јакупи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...