Британските медиуми пренесуваат дека Министерството очекува уште случаи со заразени, пред се, заради развиените туристички врски со кинескиот град Вухан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јануари, 2020 10:35

Смртоносниот вирус се шири- тројца заболени во Сингапур

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Корона вирусот од кој во Кина загинаа 17 лица, започна да се шири, денеска Сингапур потврди уште два случаи на заразени од новиот тип на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на оваа земја, еден ден откако беше регистриран првиот случај.

Коронавирусот, кој изби во кинескиот град Вухан, се рашири и во неколку други држави, при што починаа најмалку 25 лица. Се смета дека епидемијата потекнува од рибниот пазар што во меѓувреме е затворен , а целиот град е во карантин. Вухан има околу 11 милиони жители, повеќе од Лондон и Њујорк, а вирусот се шири во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, но стигна до САД. Неколку недели откако пазарот стана „нулта точка“, официјалните лица потврдија дека вирусот е пренесен од личност до личност. Коронавирусот е широк спектар на вируси присутен кај животни кои можат да се пренесат и на луѓето во одредени околности. Контактот со месото на разни животни што се продава на пазарот на големо во морска храна е идентификувано како веројатна причина за првите инфекцирани лица.

Британските медиуми пренесуваат дека Министерството очекува уште случаи со заразени, пред се, заради развиените туристички врски со кинескиот град Вухан.

Пред два дена на вонреден состанок, Светската здравствена организација соопшти дека нема да прогласи меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот смртоносен коронавирус што се појави во Кина и кој однесе 17 животи.

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Вчера Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) објави дека развојот на вакцината против новиот тип на коронавирус ќе трае најмалку една година.

Вчера бројката на заболени од овој вирус беше 440 но за еден ден се покачи на 517, а смртоносниот вирус однесен 17 животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.