Автомотосојузот на Македонија информира дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово каде што наместа има остатоци од кашест снег.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 декември, 2019 10:45

Снег во Македонија- еве каде вее во моментот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од АМАМ апелираат до возачите кои заминуваат на пат да бидат претпазливи бидејќи сообраќајот на државнита патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови коловозите се наместа влажни.

Од АМСМ апелираат возачите да бидат претпазливи. Од таму соопштија дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово каде што наместа има остатоци од кашест снег.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. 

Овој викенд може да се забележи пад на температурите. Времето во текот на ноќта и утрово е умерено до значително облачно, во северозападните делови со слаб локален снег. Дува слаб, а на повеќе места и умерен ветер од северен правец.

УХМР соопшти дека во 7 часот најниска температура од -9 е измерена во Маврово. Во Крушево -8, Лазарополе -7, Крива Паланка и Берово -6, четири степени под нулата се измерени во  Охрид, Претор и Виница, -3 во Струмица, -2 во Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 во Битола, Тетово и Куманово, нула степени во Скопје и Дојран и 2 степена во Гевгелија.

Најмногу снег (7 сантиметри) утрово во 7 часот има во Попова Шапка и Маврови Анови и 1 см во Лазарополе.

Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено, со провејување слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 70 километри на час.  Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно со засилен северен ветер. И во делови од Скопската Котлина повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести