Како што претходно кажавме, во текот на следните денови под влијание на студена воздушна маса која се спушта од север, времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.