Во 2016 година Иванов ги повлече сите амнестии и пратениците му дадоа можност на претседателот во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот да го поништи помилувањето без претходна постапка.

Објавил: Весна Петровска | 29 ноември, 2019 19:07

СОБРАНИЕТО ИМА ЕДЕН МЕСЕЦ ДА ОДЛУЧИ: По одлуката на Уставниот суд, можно ли е сите обвинети во случаите на СЈО да бидат ослободени?

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Уставниот суд ќе расправа за амнестијата на Ѓорѓе Иванов. Инцијативата за преиспитување на уставноста на членот 11 од Законот за помилување ја поддржаа дури шест уставни судии.

Во 2016 година Иванов ги повлече сите амнестии и пратениците му дадоа можност на претседателот во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот да го поништи помилувањето без претходна постапка.

Но интересно е што ставот на шестте уставни судии е дека еднаш дадена амнестија не може да биде повлечена.

Министерката за правда Рената Десковска денеска го повика Собранието да даде толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел да се спречат секојдневните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказливост за сериозни кривични дела

 – Тие обиди се движат од постојано одложување на судските постапки со цел да се опструира носењето на судски одлуки, до иницирање постапки пред Уставниот суд за укинување на членови од Кривичниот законик, а сега и од Законот за помилување. Целта на сите овие манипулативни обиди е постигнување на неказнивост за кривичните дела кои беа предмет на Специјалното јавно обвинителство, а кои сега ги продолжи редовното обвинителство. Со отварањето на вчерашната постапка од страна на Уставниот суд за оценка на членот 11-а се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат за и врз основа на прислушуваните материјали. Јас не сакам да прејудицирам, ниту да влијаам на било каква одлука на Уставниот суд, но за да се спречи активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Иванов, изјави Дескоска конференција за ставање карја на насилтсвото врз деата на запаен Балкан.

Таа вели дека со овој потег еднаш за секогаш ќе се затвори ова прашање и нема да има можат да се остварат незаконските помилувања на поранешниот претседател Иванов.

– Во рацете на Собранието е еднаш за секогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов. Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување од Собранието, но тоа секако уште денес можат да го сторат и пратениците кои покрај барање за автентично толкување може да бараат и итна седница на Собранието за ова прашање. На ова прашање ќе се види кој е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кој е за амнестија и помилување. На ова прашање ќе се види кој го разбира концептот на нулта корупција како концепт на казнивост на корупцијата, а кој како концепт на помилување на корупцијата. Пред пратениците од сите пратенички групи е како ќе се постават во овој случај – како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот, истакна Дескоска.

Но претседателот Пендаровски вели дека овој чекор е директен напад врз демократијата и правната држава.

Шефот на државата ги повика уставните судии да ја преиспитаат вакавата одлука пред да биде доцна.

-Навистина сакам да апелирам до тие луѓе да се свестат, да сфатат што почнале да прават, да се повлечат на време, затоа што правната држава која во меѓувреме со многу маки ја обновуваме во Република Македонија сигурно ќе најде механизми, правни механизми – таа одлука и ако ја донесат, да не биде практично имплементирана, бидејќи тоа ќе биде погубно не само за нашите евроатлански интеграции, туку ќе биде и директен удар на правната држава, директно ќе ги погоди човековите слободи и права и тоа секој разумен и одговорен политичар и институција во оваа земја нема да го дозволи, вели Пендаровски.

По одлуката на Уставниот суд, се стравува дека има можност дури и сите обвинители во случаите на СКО да бидат ослободени.

И доколку овој член се поништи по автоматизам важечка ќе стане и аболицијата од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов на 12 април 2016 година и 56 лица ќе бидат ослободени од кривичните дела.

За потсетување, Ѓорѓе Иванов донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија.

Иванов тогаш објасни дека ова е можност која му ја дава Уставот на Република Македонија и одлучил да ја искористи со цел „зачувување на државните и национални интереси“, но и да помогне завршувањето на политичката криза во Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.