Денес грчева за вечерпресс: Вториот столб на кој почива власта е тешка и груба корупција. Концептот ни е добро познат,  само е компримиран во една година.

Објавил: Едмонд Бекири | 25 август, 2018 13:39

Солза Грчева со „познат концепт„ во 2016 година рамо до рамо со Зоран Заев?

Фото/Текст извор: ©vecerpress.mk

Првиот столб на кој почива оваа влада е распродавање на македонските национални интереси. И тоа веќе станува цел сама за себе. Во втор план е тоа дали и кога, а можеби и не, ќе сме станеле дел од сојузите како НАТО и ЕУ. Ова второво, очигледно е само средство за одржување на власт, средство за манипулација на граѓаните, средство за манипулација на моќните сили за некаква си наша посветеност, средство за прелажување на претстојниот референдум и видовме, средство за заплашување со војна.  

Во прв план е нивната неповрзаност со македонското национално ткиво, кое бездушно го черечат и распродаваат. Впрочем, тие плаќаат и пропагандисти кои не само што навредуваат поединци кои мислат дека им се на патот, туку го навредуваат колективно македонскиот народ со најгрди епитети. За себе мислат дека се земјани, граѓани, модерни, авангардни, се бањаат два пати дневно, убави се и умни (само за нивните мајки) и што не. И најважно, немаат ништо заедничко со оние од другата страна кои запнале да се држат до нацијата, името, идентитетот, јазикот како “најдолни националисти”.  Такви заблудени, лепат и сосема депласирани и анахрони етикети за измислени вмровци.

Д-р Солза Грчева е професор и претседател на ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА, политичка партија која е основана од неодамна. На сликава која датира од Март 2016 година Солза Грчева е фотографирана во HAPPY стил (веднаш зад Ременски лево долу) само на едно метро од Зоран Заев. До тој Март 2016 барем според фотографијата неможе да се забележи дека Солза Грчева денес ке биде контра својот Ментор Заев и ќе се бори за БОЈКОТ на реферндумот. Дали Грчева го препозна моментот каде што може да поентира на маката на Македонецот, или пак е тоа само фрустрација за вантгрешно недоразбирање со Заев и сега се свети.? Се поставува и прашњето како Грчева во 2016 година не знаела дека оваа влада ќе биде корумпирана, кога Заев беше абоолициран уште пред десет години. Како тоа таа сите тие години го поддржување Заев да ја урне наводната режимска власт ( иако знаеше  а неможела и несмеал да не знае што е СДСМ кога е на власст) дека Заев е криминалец и како таков нема капшацитет да биде демократ!

Колкава доза на потценување треба да имаш за Македонецот, да го сервираш подмолното прашање на референдумот спакувано “три во едно”? На луѓето кои не можат да го проголтаат фашизоидниот концепт на договорот во кој се креира нова нација со исчезнување на старата, да им се натовари и гревот, дека се против напредокот на државата. Дрско и безобразно наоѓање на алиби за нивната тотално крахирана дипломатија. Ако е дипломатија стратегијата  во која другите добиваат, а ние се откажуваме од сите национални атрибути и од макотрпно стекнатите права, тогаш не ни требаат такви квазидипломати во костуми со вратоврски. Ако прифаќаш најтврди шовинистички линии на соседите, тогаш секој поткуплив поединец со знаење на англиски (видовме и какво), со прилично провинциски и приземен шарм, можеше да ја одигра улогата. Наивен во политика не можеш да бидеш. Можеш да бидеш само глупав.

За тоа што ќе ни се случува во блиската иднина во колку народот не БОЈКОТИРА на референдумот, јасен показател се оние уценувачки изјави на претседателот и премиерот на Република Бугарија кога побараа од нашиов премиер, да се извини за изјавата дека Илинденското востание е македонско. Ова беше проследено со јасна уцена дека може да ни ја затворат неотворената врата кон сојузите ако се однесуваме вака “неодговорно”. Убав почеток за добрососедските односи. Баш ме интересира како Заев ја разбира “заедничката историја”? Како македонска, како бугарска, како мешана?! За нас е македонска, друг како сака. Станува збор за принципи, не за дневна политика. Постои македонска нација, точка. Постои македонски јазик, точка. Постои македонско востание, точка. Постои македонско малцинство во сите соседни држави, точка. Постои суверена држава Република Македонија признаена од мнозинството во ОН, точка. Од тука натаму, можат и треба да се градат пријателски односи со сите. Инаку, на немирниов и заостанат Балкан стануваме мета за остварување на нереалните соништа за големи држави кои постоеле во кус историски момент, а потоа исчезнале. Или постоеле само на хартија како Сан Стефанска Бугарија. Нека ја бараат Бугарите Тракија од Грција,  или Добруџа од Романија. Еден народ во четири држави. Никогаш нема да се осмелат на ниво на официјална политика. Тоа го можат само во ова наше село со дрогирани кучиња.

Вториот столб на кој почива власта е тешка и груба корупција. Концептот ни е добро познат,  само е компримиран во една година.  Работат за свои партиски интереси, некомпетентно и насилнички. Тоа се впрочем и најреалните пречки на нашиот пат кон ЕУ и кон било каков квалитет на живот независно од асоцирањето. Значи таа не само што не ги отстранува пречките, туку е проблем сам по себе. Во пресрет на референдумот за кој не се почитува ниту закон, ниту Устав, а се спремаат резултатите да ги толкуваат како што им одговара, се споменуваат милиони буџетски пари, да не зборуваме за оние дадени од разни странски фондации. Се вработуваат илјадници непотребни партиски војници. Лажни конкурси со однапред познати имиња има насекаде. Ако и досега имавме партиски вработувања во администрацијата поради изборен инженеринг, сега бројката расте експоненцијално. Луѓето со малите фирми кои едвај живуркаат, ќе издржуваат канцелариски паразити во заробените институции. Професорите, срамно малите плати ќе ги земаат со доцнење.

За прв пат јавно се најавија  и вработувања на “деца од познати, влијателни фамилии”. Како во времето на Отоманската империја пред Младотурската револуција. За оние кои не се од “познати” фамилии, ниту имаат партиски книшки, ова е уште еден патоказ за нивната иднина. Ја немаат во нашата држава. Проколнати гурбетчии. За несреќа на таквата скапана држава, а за среќа на оние кои ги прибираат, тие проколнатите се меѓу најспособните и највиталните. Но, власта која замајува со препишани, неприменливи и застарени “гаранциски младински шеми”,  ја применува единствената за неа добитна шема: партиска книшка или фамилија. Лепи плакати кај стигнеш, тропај глупости по социјални мрежи, плукај силно, фали што не е за фалење и ете ти работа. Кога ќе пораснат, некои ќе добијат и тендери. Просто е. И погубно е. Но, во овој момент тргуваат со името на државата, а утре со што? Истите кои сега ги тупкаат по рамо, цело време им пишуваат рецки во црн тефтер. Ќе изникнат уште десетици нон-пејпери како оној од Франција и Данска каде работите ќе им се залепат право в лице. И влез во ЕУ никогаш, а можеби ни тогаш. Чуму референдумското  прашање, кога одговорот го знае секоја пропагандно незагадена душа?!

Медиумите почнаа да се однесуваат како хиени кои намирисале крв. Изби војна која дојде и до амбасадорите. Впрочем, тие владеат во “суверената” ни земја. Иако забранети владините реклами, се пронајде “спасоносна” формулација. Граѓаните ќе бидат изложени не на пропаганда, туку ќе биле информирани. Баш сакам да бидам информирана за промените во Уставот кои се кријат како змијата нозете. И кој тоа  независно ќе ги информира? Од Министерството за пропаганда и дезинформации?

Јасно е како ден. Нивното владеење од типот “после мене потоп” е за нив единствен начин да купат уште некој месец.  Бидејќи, да не се лажеме, ако не се постигне цензусот на овој таканаречен консултативен референдум (908.000 и ниту еден помалку) и сите тие не гласаат “за”, тоа ќе значи само едно: завршува целата влада на буниште. И не дека некој ветил оставка, туку легитимно ќе биде барањето да си одат. Тоа ќе биде силен индикатор за пропаста на нивниот основен столб на владеење: срамната спогодба со Грција и распродажбата на тоа што не им припаѓа.

Трет столб практично нема. Можеби за таков може да се земе хроничното неработење компензирано со обилно сеење ветар и магла

(авторот е проф. д-р и претседател на ГЛАС за Македонија)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...