Да уживаме во убавото време

Објавил: admin@magazin | 2 јуни, 2018 9:13

Сончево време со температура до 32 степени

Фото/Текст извор: ©Ухмр

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а од пладне на повеќе места, особено во западните делови, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утринските температури ќе се движат од 9 до 16, а максималните дневни од 26 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе се искачи до 31 степен.

За време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, особено во вторник

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести