Почивај во мир!

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 февруари, 2021 9:53

Сопругата на Битолскиот музичар Ице: Мојот сопруг не почина од корона, туку од лекарска негрижа !!!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Атанасовска сопруга на музичарот Ице..

Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини.

Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.
Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето.

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со Корона вирусот.

10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус… За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај.

Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита… Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје, дадоа се од себе еден месец, ама не издржа. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите.

И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка.

Почивај во мир голем човеку 😢😢 🙏🙏 Тоа што го помина ти да не се повтори на никој, напиша сопругата на починатиот Ице!

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со Корона вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam