Од блиски на семејстото Вучиќ порталот дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.

Објавил: Владо Марин | 4 мај, 2020 10:24

Сопругата на починатиот Драган Вучиќ, ПОЗИТИВНА НА КОРОНА ВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©Ж.магазин

Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Вучиќ бил позитивен на вирусот Ковид-19.

На Инфективната клиника, Вучиќ кој беше дијабетичар бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер.

37 години званично, 40 заедништво, напиша неодамна Весна Вучиќ над фотографиите со нејзиниот сопруг и синот Мартин.

Од блиски на семејстото Вучиќ порталот дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми. 

Изминатиов викенд, женски магазин контактираше со неговиот син Мартин, кој потврди дека татко му е во болница, но не даде дозвола за објавување.

Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Беше автор на талент-шоу проектите „Вашите 5 минути“, и „Мак ѕвезди“ и на многу квизови. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести