Го следеле со две возила и го претепале

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2018 15:29

Со палки и шипки претепано момче во Тетово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дваесет и шестгодишниот тетовец Д.П, денеска околу 4 часот пријавил дека еден час пред тоа на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, заедно со неговиот другар Б.Д.(19) биле физички нападнати од десетина непознати лица.

Претходно, напаѓачите со две патнички возила и мотоцикл запреле на местото на кое двајцата седеле со уште неколку лица, слегле од возилата и со безбол палки и други тврди предмети почнале да трчаат по нив.

Бегајќи тие влегле во двор од блиска куќа, каде ги стигнале и Д.П. повеќе пати го удриле по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди, по што напаѓачите набрзина се оддалечиле, а на повредениот Д.П. му била укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница.

Ова е само последен во низата вакви случаи. Македонија е небезбедно место за живеење во кое млади лица често се жртви на вакви напади.

На 29-ти јуни брутално претепан беше младиот Никола Саздовски, на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда. По неколку дена поминати во исклучително тешка состојба, Никола почина.

Оваа огромна трагедија ја вознемири цела македонска јавност и народот бара сторителите да бидат највисоко казнети.

Кај граѓаните постои основан страв за својата безбедност и безбедноста на своите деца, додека МВР очигледно не превзема ништо за вакви трагедии да не се повторат!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести