Таа истакна дека нивниот став бил негатиен во врска со излегувањето на Јанева од притворот во Шутка, вели шефицата на Обвинителството – Вилма Русковска, во изјава за „А1он“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 20:32

Со судии што ја пуштаат Катица дома, нема место во ЕУ- Рускоска бесна поради одлуката на Апелација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска Апелациониот суд донесе одлука Катица Јанева да биде пуштена во домашен притвор, се огласи и Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Русковска во изјава за „А1он“ истакна дека нивниот став бил негативен во врска со излегувањето на Јанева од притворот во Шутка.

Со вакви судии нема место во ЕУ, порачува Русковска, која и го води предметот, и притоа за „А1он“ најавува и финансиска истpaга за судиите од Апелациониот суд кои одлучија притворот на Јанева да биде заменет со домашен притвор.

Катица Јанева денеска беше пуштена во домашен притвор…

Инаку денеска апелациониот суд во Скопје  ја прифати жалбата на поранешната специјална обвинителка за нејзино префрлување во домашен затвор. Катица Јанева оди во куќен притвор, објави Република.

Претходно таа понуди гаранција од три станови, но Кривичниот суд не ја прифати. Сега оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Јанева издржуваше притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари од нејзиното приведување на 21 август годинава, кога беше уапсена како третоосомничена во „Рекет“.Како што дознаваме, Јанева куќниот притвор ќе го издржува во станот на нејзиниот син во Скопје.

Инаку Катица Јанева на функцијата шефица на СЈО дојде со помош на меѓународниот фактор.

СЈО важеше за институција во која народот имаше голема доверба и секој граѓанин веруваше дека конечно една институција ќе застане позади правдата и ќе го искорени криминалот а ќе ги гони криминалците и конечно ќе завладее правдата во Македонија.

Јанева беше третоосомничена откако италијаснскиот новинар на Лаверита ги објави снимките  за примање на поткуп за ослободување од обвинение и од притвор на бизнисменот Камчев.

Во мега скандалот Рекет  прво обвинети се наводниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски или Боки тредичи и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец кој е близок  соработник и на Камчев но и на екс шефот на УБК Мијаков а само неколку дена по нив во притвор заврши и сега веќе поранешната шефица на СЈО Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести