Ситуацијата со пожарите ескалира

Објавил: admin@magazin | 4 април, 2019 15:27

Спасовски: Се работи за сериозен тероризам, ако пожарите се подметнати

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ситуацијата во делот на пожарите, за жал ескалира во државата и тоа од неколку причини, не се само временските услови што се поволни за пожари, затоа што имаме навистина сушен период, меѓутоа најголемиот дел од нив се пожари што се подметнуваат, изјави министерот Оливер Спасовски.

„Доколку ова што ни се случува е од политички причини, а имаме сериозни индиции тоа да го потврдиме во наредниот период, станува збор за сериозен тероризам што се прави на државата, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски“.

Тој информира дека досега имаат поднесено кривични пријави против девет лица како сторители на пожари, а најголем дел од нив, како што посочува, се во врска со бизнис интереси во делот на трговијата со дрва.

„Апелирам во овој дел на пожарите и оние што се нарачатели од кој било аспект, ако е тоа од бизнис заедницата, бизнисот не се води преку предизвикување на штета врз природата. Ако е од политички аспект, сакам да упатам порака на политичарите да не се занимаваат со работи што прават директна штета и на природата и на државата само заради ситни политички поени, со тоа не се добива ништо“, рече Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести