Средбата се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер. Средбата со Вселенскиот Патријарх се договараше подолг период, а во меѓувреме Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната влада.

Објавил: Весна Петровска | 13 јануари, 2020 16:31

СПАСОВСКИ СИ ГО ЗЕМА ДРУГАРОТ ЗАЕВ ВО ИСТАНБУЛ: Владата одговори: Заев сам си платил да оди кај Вартоломеј!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Скандалите поврзани со поранешниот премиер Зоран Заев не стивнуваат, најново во јавноста излезе дека Зоран Заев заедно со Спасовски заминал во посета на Истанбул.

Од Владата излегоа со став како Зоран Заев се најде во друштво на премиерот Спасовски кај Вселениот Патријарх Вартоломеј во Истанбул.

Оттаму велат дека Вартоломеј го поканил Заев уште додека ја извршувл функцијата премиер, а трошоците за патувањето и сместувањето биле подмирени лично од него.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, денеска остварија средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул.

Средбата се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер. Средбата со Вселенскиот Патријарх се договараше подолг период, а во меѓувреме Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната влада.

Трошоците за патувањето и сместувањето на Претседателот на СДСМ Зоран Заев беа подмирени лично од него-велат од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести