Централната свеченост се одржи во Крушево, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен.

Објавил: Весна Петровска | 2 август, 2019 16:32

СРАМОТА: СДСМ скандира „Северна“ на МЕЧКИН КАМЕН каде загинаа стотици Илинденци

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Под слоганот „Сите сме деца на Илинден“ денеска се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

Централната свеченост се одржи во Крушево, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен.

Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме деца на Илинден, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на Мечкин Камен по повод 2-ри Август.

Како што нагласи Заев, првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.

-Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ, истакна Заев.

Продолжуваме, рече, да го негуваме концептот на едно општество и на заедништво, како наследство од Манифестот кое ги повикува соседите и пријателите на подобар живот.

-Продлжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми,…, сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре, порача Заев.

За време на говорот на премиерот Зоран Заев можеше да се слушне како група граѓани скандираат СЕВЕРНА СЕВЕРНА, што граѓаните веднаш реагираа на овој потег на Твитер кој е опишан како срам да се скандира Северна на местото каде загинале стотици Илинденци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести