Јенс Столтенберг е норвешки политичар и 13-тиот Генерален секретар на НАТО, од 1 октомври 2014 година.

Објавил: Перо Милчин | 6 мај, 2019 9:41

Столтенберг: „Со нетрпение чекам да почнам работам со Пендаровски за прием на Македонија во НАТО„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Честитки до новиот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, упати и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Преку Твитер, шефот на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг му ја честиташе победата на новиот претседател на Република Македонија, Стево Пендаовски и посочи дека со нетрпение чека да почне да работи со него, за прием на Република Македонија на НАТО.

-Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО, напиша Столтенберг.

Според официјалните податоци од ДИК, од обработени 100% на гласовите, Пендаровски освои 436.212 гласови, а за Силјановска гласале 377.713 граѓани. Поточно, Пендаровски ја однесе победата со 58.499 гласови повеќе.

Јенс Столтенберг е норвешки политичар и 13-тиот Генерален секретар на НАТО, од 1 октомври 2014 година.
Столтенберг бил премиер на Норвешка од 2000 до 2001 и од 2005 до 2013 година. Ја предводел Работничката партија на Норвешка од 2002 до 2014 година.
Во 2011 година, Столтенберг ја примил наградата на Фондацијата на Обединетите Нации, за неговите извонредни напори во насока на исполнување на Милениумските развојни цели и донесување на свежи идеи за глобалните проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести