Стружани ќе мора и натаму да чекаат додека започне долго најавуваната реконструкција на патот од Струга до граничниот премин Ќафасан.

Објавил: Македонка Димкин | 12 март, 2020 16:02

Стружани на протест, разочарани од ветувањата на власта

Фото/Текст извор: ©алсатм

Стружани ќе мора и натаму да чекаат додека започне долго најавуваната реконструкција на патот од Струга до граничниот премин Ќафасан. Власта сега ветува дека тоа ќе се случи на почетокот на летово. Во меѓувреме движењето со автомобили и камиони по овој многу важен меѓународен пат кој земјава ја поврзува со соседна Албнија е многу скоро невозможно.

Наместо нов асфалт како што се најавуваше,на патот од Струга до Ќафасан, се пополнуваат само ударните дупки и тоа само рачно.

Жителите на околните населени места велат дека повеќе не веруваат во никакви ветувања на политичките партиите и државата.

„Ова навистина стана историја за кое се зборуваше и пред три четири години дека ќе се става нов слој. Но тоа уште не е направено“, вели Џевдет Даути-претседател на месна заедница во Радолишта.

„Треба да застанеме сите и да го блокираме патот, бидејки само е тоа решение“, реагира Шаип Селими-жител.

„Ова е оставено на заборав. Благодарение на вас медиумите, не го оставивте во заборав овој проблем. Овој магистрален пат е пропаднат. Работата што треба да ја прават опозицијата и позицијата ја правите вие медимите“, вели Керим Керими-жител.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека за патот Струга Ќафасан е предвидена реконструкција со рехабилитација и оти тендерот ќе бил објавен за дваесеттина дена.

„Протестиве можеле да ги прават изминатите 15 години кога никој не ги есапил и кога никој никаде не ги ставил дека нешто ќе се прави. Таму не се работи само да се извади горниот слој, туку ќе се вадат и двата слоја, а можеби некаде и тампон каде е потребно“, вели Зоран Китанов-директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Китанов вели дека со работа ќе се почне кога ќе заврши целата тендерска процедура.

Пишува: Мики Трајковски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести