Синот на Борис вели дека неможе повеќе да издржи вака да живее во вакви услови во кои и тој ќе се разболи, па затао и ги моли инстуциите да му помогнат да го згрижат неговиот татко. 

Објавил: Весна Петровска | 19 јуни, 2019 19:54

Судбината си поиграла со овие луѓе: Синот ги моли институциите – на татко ми му треба помош

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Судбината понекогаш за некои луѓе е навистина сурова, таква е и за Борис Мирчевски од Прилеп. Тој 2 ипол месец живее со отворена рана на ногата што стапалото комплетно му поцрнело.

Сител го посети Борис во неговиот дом во Прилеп и сликата оттаму е навистина тажна.

Судбината си поиграла со семејство од Прилеп

Во станот од ногата се шири неподнослива миризба. Поради тоа што е неподвижен физиолошките потреби ги извршува во креветот што дополнително придонесува за страшните нехигиенски услови во кои живее. Со него живее и синот Александар. Ниту Александар ниту татко му не знаат зошто и како тој ја добил гангрена на ногата. Александар незнае зошто лекарите дозволиле ситуацијата толку да се искомплицира. 

„Не обвинувам никого, ама ние не сме доктори. Требаше докторите да се заангажираат ако можеше да не дојде до овој степен, во овие 2,5 месеци 5 пати дојдоа доктори. Не велам дека се криви, ама ако тие неможат јас што можам. Ни велеа дека ќе помини, кога ќе дојдеа ќе го исчистеа, ќе му дадеа нешто и велеа ќе помини“, рече Александар Мирчески, син на Борис Мирчески.

Синот на Борис вели дека неможе повеќе да издржи вака да живее во вакви услови во кои и тој ќе се разболи, па затао и ги моли инстуциите да му помогнат да го згрижат неговиот татко.

„Не може ниту да стои, го боли ногата, тука оди по нужда, па фрлам, па мириса, бактерии има полно од мокрачата насекаде. Цело време е отворена вратата од станот“, истакна синот на Борис.

„Тука јадам, тука нуждам, сакам да дојдат лекарите да ме излекуваат тие знаат како“, рече Борис Мирчески.

Целата сторија можете да ја прочитате ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести