Не лоцирам никаква вина кај СЈО, кај мене, или кај моите помошници обвинители

Објавил: admin@magazin | 8 април, 2019 9:58

СЈО истражува кој му „помага“ на Груевски да води удобен живот во Будимпешта

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Специјалното јавно обвинителство води предистрага за експремиерот Никола Груевски, која е насочена кон испитување на неговата имотна состојба и финансии, откри обвинителката Катица Јанева во интервју за „Независен“.

Но, ние не завршивме со истражувањето на Никола Груевски во делот на имотната состојба. По сите изјави и фотографии што се објавуваат во јавноста, гледаме дека тој живее удобен живот во странска држава.

По изрекувањето на пресудата, обвинителството нема ингеренции во делот на тоа како ќе се обезбедува одредено лице, додека не оди на издржување на казна. Ние неколкупати побаравме притвор за него, но судот не му определи. Тој беше обезбедуван со други мерки што ги почитуваше додека беше во Македонија. Не лоцирам никаква вина кај СЈО, кај мене, или кај моите помошници обвинители. Имаме намера, покрај финансиската истрага што како предистрага се води за Груевски, да побараме меѓународна помош и да видиме кои се изворите на пари од кои се издржува Никола Груевски во таа странска држава. Но, за тоа ни е потребно да се донесе законот за јавно обвинителство, вели Јанева.

За него имало предмети во кои би требало тој од својот личен имот да плати трошоци и надомести на штета и други финансиски обврски во однос на нив.

СЈО, за да може во определен период да му замрзне дел од имотот, води финансиска истрага и тоа не само за Груевски, туку за секое лице кое е осомничено во СЈО. Како што знаете, тој подигнал од своите сметки околу 120.000 евра, друг имот знаеме што има, додава Катица за Независен.

Инаку, со недели се водат преговори за статусот на СЈО, а власта и опозицијата никако да се договорат на оваа тема. Главна пречка се бомбите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести