Таа од Торонто отпатувала на годишен одмор во Техеран за да поминевреме со семејството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 18:51

Таа го претчувствувала падот на украинскиот авион- од ова сведоштво ќе ви заледи крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шејда Шадкхо била патничката која како што вели нејзиниот сопруг ја предвидела трагедијата на украинскиот авион и нејзината смрт.

Имено Шејда била во Техеран каде го користеласвојот одмор за да ги види мајка си и сестрите.

Таа од Торонто отпатувала на годишен одмор во Техеран за да поминевреме со семејството.

Дента кога сеурна украинскиот авион Шејда требала да се врати во Торонто каде живеела со својот сопруг Хасан Шадкхо. Нејзиниот авион полетал од Техеран кон украински Киев во средата рано наутро.

Зборував со неа 20 минути пред да полета – рекол нејзиниот сопруг.

Хасан Шадкхо за Си-Ен-Ен открива дека неговата сопруга била многу вознемирена пред полетувањето и вели дека имала претчувство. Цело време му повторувала декасеплаши поради тензиите меѓу Иран и САД, откако Американците го ликвидираа генералот Касим Сулејмани.

Сакаше да ја утешам и да ја уверам дека нема да има војна. Ѝ реков да не се грижи и дека ништо нема да се случи – додал Хасан Шадкхо за Си-Ен-Ен.

Шејда Шадкхо била патничката која како што вели нејзиниот сопруг ја предвидела трагедијата на украинскиот авион и нејзината смрт.

Шадкхо низ солзи ги кажа последните зборови на неговата сопруга: 

Ми рече „Ок, ми велат дека морам да го исклучам телефонот. Довидување!“. Тоа беше тоа – раскажал Хасан.

Шејда имала пречуство оти авионот ќе паднебидејќи како што вели нејзиниот сопруг била многу загрижена за луѓето кои ги остава зад себе. Шејда на својот профил на Инстаграм објавила фотографија под која ги изразила своите стравови.

Знаеше. Погледнете ѝ го лицето, погледнете ја песната која ја објавила – рекол Хасан на новинарите, додека ја покажувал фотографијата на Инстаграм.

За Хасан Шадкхо е незамисливо животот да го помине без неговата сопруга со која биле заедно 10 години.

Таа беше ангел. Сега би сакал воопшто да не постојам – вели тој.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести