На 11 Февруари, Хјустон беше пронајдена без свест во сопствената соба 434 во хотелот Беверли Хилтон, потопена во кадата; подоцна беше прогласена за мртва.

Објавил: Перо Милчин | 23 декември, 2019 21:40

ТАЖНАТА И СЛАВНАТА ПРИКАЗНА НА ВИТНИ ХЈУСТОН: Слава, марихуана и кокаин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Витни Елизабет Хјустон беше американски изведувач, актерка, продуцент и модел. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот.

Таа издаде шест студиски албуми, еден празничен албум и три албуми со песни за филмови, од кои сите имат дијамант, мулти-платина, платина и златна сертификација.

Преминот на Хјустон на популарните музички топ листи, како и нејзиното истакнување на MTV, започна со со нејзиното видео за “How Will I Know, со што влијаеше на неколку афро-американски женски артисти да ги следат нејзините стапки.

Бившиот маж на Хјустон, Боби Браун, исто така беше поканет на погребот, но тој си замина пред да започне.

Хјустон е единствениот изведувач што седум пати едноподруго бил на местото број 1 на Billboard Hot 100 hits. Таа е вториот изведувач после Елтон Џон и единствениот женски изведувач што освоил две најдобри награди на Billboard 200 албум наградите (некогаш “Top Pop Album” на топ листите на крајот на годината на магазинот Billboard. Деби албумот од 1985 година, стана најдобро продаваниот деби албум од страна на женски изведувач во времето на неговото издавање.

Албумот беше прогласен за најдобар албум во 1986 година од страна на магазинот Rolling Stone и беше рангиран на 254 место на листата на Rolling Stone за 500 најдобри албуми на сите времиња.

На 9 февруари 2012 Хјустон ги посети пејачите Бренди и Моника, заедно со Клив Дејвис, на пробите на Дејвис за забавата пред Греми наградите во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс.

Истиот ден, таа го изведе нејзиниот последен јавен настап, кога ја придружи Кели Прајс на сцената во Холивуд, Калифорнија и ја испеа “Jesus Loves Me”. Два дена подоцна, на 11 Февруари, Хјустон беше пронајдена без свест во сопстената соба 434 во хотелот Беверли Хилтон, потопена во кадата; подоцна беше прогласена за мртва.

Причината за смртта не беше веднаш позната. Болничарите од Беверли Хилс пристигнаа околу 3:30 попладне и ја пронајдоа пејачката онесвестена и извршиле вештачко дишење. Хјустон беше прогласена за мртва во 3:55 попладне.

Локалната полиција соопшти дека немало видливи знаци на насислство. На 22 март, 2012, иследникот од канцелариите на Лос Анџелес соопшти дека причината за смртта на Хјустон биле давењето и ефектите од атеросклеротичната срцева болест, како и употребата на кокаин. Оттаму изјавија дека количеството на кокаин кое беше пронајдено во телото на Хјустон, посочи дека таа ја користела оваа супстанција непосредно пред нејзината смрт.

Резултатите од токсикологија открија дополнителни лекови во нејзиниот организам: Бенедрил, Ханакс, марихуана и флексерил.

Само три години по смртта на една од најдобрите светски пејачки Витни Хјустон, почина и нејзината ќерка Боби Кристина Браун, која неколку месеци беше на лекување во болница во Атланта.

Смртта беше прогласена како несреќен случај. Споменот на Хјустон се одржа во сабота, 18 февруари 2012 година, во Баптистичката црква “Нова надеж” во Њуарк, Њу Џерси. Беше планирано да трае два часа, но траеше четири. Помеѓу оние кои имаа своја изведба на погребот беа и Стиви Вондер(со преработка на “Ribbon in the Sky” и “Love’s in Need of Love Today””), Сиси Винанс(“Don’t Cry” и “Jesus Loves Me”), Алиша Кис(“Send Me an Angel”),Ким Барел(преработка на”A Change is Gonna Come”) и Ар Кели(“I Loоk to You”), на кои им се придружи и црковниот хор, со неколку црковни песни и говори одржаа продуцентот на Хјустон Клив Дејвис, Кевин Костнер, нејзиниот музички директор Рики Минор, нејзината роднина Дајен Варвик и нејзиниот телохранител во последните 11 години Реј Ватсон.

Арета Френкин беше на листата на програмата и беше очекувано да пее и таа, но не беше способна да присиствува на споменот.

Хјустон беше погребана во недела, 19 февруари 2012 година, на гробиштата во Фервју, Вестфајлд во Њу Џерси до нејзиниот татко Џон Расел Хјустон кој почина во 2003 година. Во јуни 2012 година, McDonald’s Gospelfest во Њуарк се одржа во чест на Хјустон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...