За "повратниците" џихадисти, Исламската држава не е локација, таа е насекаде, а во регионот тие се подготвени на Балкански калифат, како ги има на Косово, Македонија и Албанија

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 13:23

“Тајмс”: Џихадистите вратени на Косово и натаму сонуваат за исламски калифат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Британскиот весник “Тајмс” објави текст со наслов “Џихадистите од Исламската држава се вратија на Косово и се подготвени да умрат за калифатот”.

Во анализата, се наведува дека во согласност со она што е познато за властите во Приштина од 2012 година, 348 возрасни лица заминале во Сирија со цел да и се приклучат на Исламската држава.

Весникот вели дека многумина загинале во тамошните борби, но исто така многу и се вратиле, а поради отсуство на програма за дерадикализација, исламистите кога ќе излезат од затвор и натаму им остануваат лојални на идеалите на Исламската држава. – пренесува “Танјуг”.

Меѓу оние што сега се на слобода е и Фитим Љадровци, кој како 24-годишник во Сирија бил сведок како човек заврзан за столб кој бил разнесен со ракетен фрлач. Според информациите, убиец бил Љавдрим Мухаџери, озлогласен косовски Албанец, кој беше означен дека претставува меѓународна терористичка закана пред да биде убиен со беспилотно летало.

Калифатот не е завршен. Неговата приказна само што започна. Сакам да создадам исламска држава во Косово и ќе бидам среќен ако умрам во поддршка на таа каузa. -изјавил Љадровци минатата недела, четири месеци по ослободувањето од затвор.

“Тајмс” наведува дека косовските Албанци учествувале во неколку неодамнешни терористички заговори, односно дека шест косовски Албанци, мажи и една жена, биле уапсени во јуни минатата година во Косово и во Германија за учество во два заговора, кои како цел имале војници на НАТО во Косово и цивили во Белгија и Франција.

Весникот потсетува и дека еден месец претходно осум лица во Косово биле уапсени поради план за убиство на израелски фудбалери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.