Најголема снежна покривка има во Битола и тоа околу 30 сантиметри. Најниска температура во текот на денешното изминато утро исто така е регистрирана во Битола, и тоа -13°C.

Објавил: admin@magazin | 16 јануари, 2021 8:56

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАДНАА ДО -13°C – СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ -20°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот ден кога поголем дел од државава беше зафатен од снежни врнежи кој беа поинтензивни во западните и во југозападните предели.

Најголема снежна покривка има во Битола и тоа околу 30 сантиметри. Најниска температура во текот на денешното изминато утро исто така е регистрирана во Битола, и тоа -13°C.

Во текот на следните часови облачноста ќе се зголемува и во јужните предели, особено во текот на ноќта и утре ќе има послаби врнежи од снег. За време на викенот кој е пред нас ќе дува умерен, Долж Повардарието засилен северен ветер.

Ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО и тоа поради понатамошното спуштање на поларната воздушна маса од Сибир, па така за време на викендов како и на почетокот од следната недела понекаде температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -20 степени, особено на повисоките и планинските места.

Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 4 степени во крајните југоисточни предели од државава, што значи дека и преку ден во најголем дел од Македонија истите ќе се задржат многу ниски и под нулата.

НАПОМЕНА: Поради многу ниските температури на воздухот, понатаму ќе има појава на голомразица па така и возачите да бидат крајно внимателни. Исто така внимателни да бидат и пешаците каде и како се движат.

Исто така да напоменеме дека на планините со голема надморска височина температурите има услови да се спуштат и до околу -25 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукa!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести