Поставени патни знаци на грчки во Албанија

Објавил: Стефан Каневче | 13 мај, 2019 0:03

Тензии помеѓу Албанија и Грција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 5 мај албанските власти отстранија 35 сообраќајни знаци на грчки и албански јазик лоцирани на југ од земјата, предизвикувајќи контроверзии околу националниот суверенитет и грчкото малцинство во Албанија.

Албанската патна управа (АРА) изјави дека патните плакати не ги исполнуваат безбедносните норми ниту пак ги почитуваат законите со кои се регулира редот, големината и фонтот во кој треба да бидат прикажани албанските и малцинските јазици.

Албанија има грчко малцинство кое се состои од 0,9 отсто од населението од 2,94 милиони жители, главно живеејќи на површина од 5.000 квадратни километри на југ, во близина на границата со Грција. Грчкиот јазик е официјален јазик во општините каде што етничкото население надминува 20 проценти, а сообраќајните знаци на двата јазика во такви области не се невообичаени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.