Владеачкото мнозинство не само што ги (oт)купи осумте пратенички гласа, туку им формира и неформална пратеничка група по чие "барање" ќе се формира собраниска комисија

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 13:35

Тече рокот за нацрт амандманите на Уставот, ќе се формира и собраниско тело за помирување

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Собранието на Република Македонија од утре ќе почне постапка за формирање тело за помирување, едно од четирите барања што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени го доставија до Парламентот.

Од петокот пред полноќ течат и петнаесетте дена, колку што има Владата рок да достави нацрт-амандмани на Уставот до Собранието.

Според СДСМ од утре ќе се пристапи кон формирање собраниско тело за помирување, кое ќе води до помирување меѓу пратениците во однос на она што се случи на 27 април. 

Не е јасно ни по кој основ ќе започне постапката за формирање тело за помирување иако извесно е дека ќе се формира нова пратеничка група.

Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас во Собранието. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието (втора фаза) до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.

Собранието со најмалку 61 глас треба да ги утврди нацрт-амандманите, по што тие одат на јавна расправа, чие времетраење го утврдува Парламентот.

По оваа меѓуфаза, Владата треба да ги изготви предлог-амандманите и да ги достави до Собранието. Од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Предлог амандманите треба да бидат разгледани од  Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, а на крај и на пленарна седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Кога ќе биде закажана собраниската седница по предлогот за измена на Уставот, одлучува претседателот на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести