Поради сообраќајна несреќа сообраќајот на патниот правец Штип-Радовиш кај месноста викана Пиљавтепе се одвива наизменично по една лента, соопшти АМСМ.

Објавил: admin@magazin | 4 ноември, 2019 20:06

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Штип-Радовиш: НЕМА ИНФОРМАЦИИ ЗА МРТВИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сообраќајна несреќа на патниот правец Штип-Радовиш.

Како што соопшти АМСМ, поради сообраќајна несреќа сообраќајот на патниот правец Штип-Радовиш кај месноста викана Пиљавтепе се одвива наизменично по една лента.

 

Информираат и дека сообраќајот на патниот правец Струга-Дебар, кој претходно беше во прекин кај село Октиси, е нормализиран.

Во првите шест месеци од 2019 година во сообраќајни несреќи на патиштата во Македонија загинале 70 лица. Овие статистички податоци навестуваат дека 2019 година ќе биде најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.

Само на пример за споредба, во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 проценти во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 проценти – појаснуваат од Форумот за граѓански активизам.

Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапатните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година – оценуваат од Форумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести