Тимоние посочи дека одредени реформи се веќе спроведени, но остануваат и други што треба да се спроведат.

Објавил: Перо Милчин | 15 јуни, 2019 14:43

ТИМОНИЕ: „Ние сме со вас, но рано е да се прават анализи„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање рече дека месеците кои претстојат треба да се искористат на најдобар начин за да може реформската агенда целосно да се спроведе, особено тука мислам на законот за Специјалното јавно обвинителство

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече дека на почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат, но исто така и на почетокот на есента.

Рано е да се прават анализи. Се наоѓаме во суштинскиот период за Европската унија, впрочем исто како што и периодот е многу значаен и за самите Вас“, рече амбасадорот Тимоние, одговарајќи на прашање дали тоа што не добивме датум за преговори во јуни со ЕУ се должи на неспроведување на реформите или на внатрешните проблеми или несогласувања внатре во ЕУ.

Францускиот амбасадор најави дека утре во Преспа ќе присуствува на одбележувањето на првата годишнината од потпишувањето на Договорот кој, како што рече, носи огромна надеж и го поддржуваме.

На прашање од новинарите дали законот за СЈО е услов за добивање зелено светло и од Франција, тој рече дека станува збор за значајна тема за повеќе држави-членки на Унијата.

„Ние Ве придружуваме на тој пат. Во моментот не можам да ви дадам точен датум, но сакам да знаете дека ние сме со Вас.

Европското знаменце е со ѕвезди и знаете дека тие се убаво распоредени и благо наклонети, за до крајот на годината да се добијат позитивни одговори на сето она што вие го очекувате“, рече Тимоние пред отворањето на меѓународната конференција „Од партнерство до членство.

Франција ја поддржува Северна Македонија, Франсоа Лафон е експерт кој помага на тој пат и работи во Кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Претстои вистинска, суштинска работа за да се подготви земјата да ги води преговорите, што ќе значат внатрешни чекори што треба да се спроведат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести