Тимот на СЗО требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари, но властите во Пекинг не се согласија веднаш да го одобрат нивното пристигнување.

Објавил: Владо Марин | 11 јануари, 2021 9:54

ТИМ НА СЗО ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО КИНА НА 14 ЈАНУАРИ: Ќе го испита потеклото на пандемијата на вирусот корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тим од Светската здравствена организација (СЗО) ќе пристигне во Кина во четврток, на 14 јануари, за да го испита потеклото на пандемијата на вирусот корона, објави Националната здравствена комисија во Пекинг.

Тимот на СЗО требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари, но властите во Пекинг не се согласија веднаш да го одобрат нивното пристигнување.

Ројтерс известува дека Националната здравствена комисија, која го објави датумот на пристигнување на истражниот тим на СЗО, не даде повеќе детали за планот на активностите на истражувачите на СЗО.

Избивање на епидемијата од новиоткоронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина.

Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.

Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле утврдени и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.

Најголема епидемија од вирусот во Европа, се појавила во Италија каде до денес биле заразени повеќе од 9000 луѓе, а починале 463.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.