Вчерашното рочиште не помина без меѓусебни навреди помеѓу Боки 13 и Русковска.
„Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалата прозборува, а фукарата се збогатува“, овие мисли на нобеловецот Иво Андриќ на крајот од судското рочиште за „Рекет“ ги цитираше првообвинетиот Бојан Јовановски Боки 13-ка.
Боки 14 побара да му биде укинат притворот, а потоа рече:
„Чесен суде, јас нема да го цитирам Гоце Делчев, како што некои што не се достојни го цитираа. Јас ќе завршам со една мисла од Иво Андриќ: ‘Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарата ќе се обогати’,“.
Русковска на ова искоментира:
На себе мислеше кога кажа фукара?!
Срам да ви е! , ѝ одговори Боки на Вилма, а судијката која стопати досега најавуваше дека или ќе ги казни двајцата, или Јовановски ќе го отстрани од судницата, го отстрани обвинетиот.
Претходно сведочеше Стојан Арсовски, возачот на Бојан Јовановски.
Арсовски почесето го возел надвор од Македонија, а на една средба во Србија на чување од Боки добил и плико со пари во него. Патувале и во Италија.
Пред да одиме во Милано, бевме во Белград на вечера со Марина Туцаковиќ со нејзиното семејство. На таа вечера во еден момент забележав како нејзиниот сопруг му даде коверт на Боки со значителна сума пари. На тоа се сеќавам зашто Бојан ми го даде ковертот да го ставам во неговата чанта. Следното утро продолживме за Милано.“ – изјави Стојан Арсовски-возач на Боки13.
„Сепак возач е одговорна професија и јас се гордеам со тоа и си ја сакам работата“, ѝ кажа сведокот Арсовски на Русковска додека сведочеше!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.