За време на несреќата во домот за стари лица имало 42 штитенички со што е можно бројката на жртви да е поголема

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 7:17

Трагедија го потресе светот: “Во пожар во дом за стари лица изгореа 10 спасени само 3 лица”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку десет жртви зеде пожарот во дом за стари лица во градот Санта Марта на југот на Чиле.

Пожарот избил рано утрината во домот за стари на 520 километри јужно од главниот град Сантјаго.

Само три жени се спасиле од огнот во двете соби каде избил пожарот.

Во времето на несреќата во домот имало 42 стари лица. Не се познати причините за избувнување на пожарот.

Во домот била најдена печка на дрва од каде се претпоставува дека се проширил огнот иако сведоците тврдат дека имало експлозија што би значело дека имало струен удар .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести