Од добиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Објавил: admin@magazin | 19 мај, 2019 11:17

Трагедија: Загина 61-годишно лице од Босилово кој со автомобил се забил во дрво!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Тешка сообраќајка несреќа се случи утринава на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово.

Во утринските часови на 18 мај на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово се случила тешка сообраќајна незгода во која животот го загубил 61-годишен жител од Босилово.

Според информациите од МВР, 61-годишникот управувал автомобил „фиат браво“ со струмички регистарски таблици, при што во еден момент излетал од патот и удрил во дрво.
Од добиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Од МВР информираат дека викендов полицијата открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, како и 10 возачи за не користење на заштитен шлем во текот на возењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...