Автомобилот во кој се наоѓале две настрадани тела, извлечен е вчера од реката, потврди портпаролката на полициската управа Источно Сараево, Весна Стојановиќ, пренесе Фена.

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 22:02

ТРАГЕДИЈА: Згаснаа 4 човечки животи откако автомобилот изгубил контрола и се лизнал во река !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 12 часот, загинаа четири лица, откако нивниот автомобил се лизнал во кањонот Милјацка кај тунелот Булоз, на источниот влез во Сараево.

Автомобилот во кој се наоѓале две настрадани тела, извлечен е вчера од реката, потврди портпаролката на полициската управа Источно Сараево, Весна Стојановиќ, пренесе Фена.

Стојановиќ пренесе дека претходно беа извлечени уште две безживотни тела на две женски лица, кои се наоѓале во возилото во моментот на несреќата. Сите четири жени кои загинаа во тешката несреќа се учителки во Основното училиште Ковачица, потврди директорката Наџа Пејак за порталот Радио.Сараево.ба.

Во несреќата загинаа Мерима Балкич, Лејла Садиковиќ, Алмина Чочоровиќ и Мина Кадриќ.

„Иако бевме свесни дека животот со себе носи и непријатни изненадувања, сепак останавме шокирани од денешната вест. Немаме зборови кои можеме да ги искажаме колку многу болка и жалост чувствуваме, поради несреќата која се случи денеска.

Во едно сме сигурни дека училиштето остана без прекрасни работници, несебични со големи срца. Со голема болка и тага изразуваме најдлабоко сочувство на нивните семејства, напишаа работниците на основното училиште Ковачица, на Фејсбук страницата на оваа установа.

Во потрагата и извлекувањето на автомобилот и настраданите лица учествуваа припадници на сараевските служби за спасување, припадници од управата за цивилна заштита РС, МУП, и РС и пожарните служби од Сараево и Пала.

Оваа тешка сообраќајна несреќа се случила кога автомобилот се лизнал и изгубил контрола од автопатот, во реката Милјацка кај тунелот Булоз во источниот влез во Сараево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...