Што се случува во Исламската Верска Заедница ?

Објавил: Узунов Бобан | 5 февруари, 2019 7:13

Турција крева глас против поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи

Фото/Текст извор: ©мкд.мк/магазин

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија ја криминализира oваа институција, извршил многу сомнителни зделки, продаде и уништи имот од времето на Османлиската империја, а неговиот антитурцизам најдобро се гледа преку неговите подземни врски со елементите на ФЕТО, пишуваат деновиве неколку медиуми во Турција.

Република Турција како држава го опоменува Сулејман Реџепи за грешките кои во име на муслиманите во Македонија ги сторил, спротивставувајќи се на Турција и на претседателот Реџеп Таип Ердоган. За овие грешки турската држава бара да се преземат конкретни и неизбежни мерки”, пишуваат турските медиуми

Во неколку написи се вели дека ИВЗ во Македонија е узурпирана од поглаварот Сулејман Реџепи против кого муслиманите во Македонија отвориле голем број судски процеси.

Во написите се споменува и часовникот на Реџепи,  „ролекс“ вреден 35 илјади евра, со кој „се пренесува пораката за можноста за корупција, во секој момент. Ваков раскош од такви размери е незамислив за еден поглавар.

„Познатата џамија во Скопје, позната како чаршиската џамија порано во сопственост ги имаше вакафите кои се наоѓаат околу неа, дуќаните, кои сега веќе се продадени со посредништво на една банка. Сулејман Реџепи овие дуќани ги ставил под хипотека, земал заем од банката, наводно за платите на вработените. Реџепи не кажува ништо за тоа што се случува со џамијата во Прилеп и каде остана вакафот на оваа џамија. Што станува со објектот на Скопското муфтиство (улица Самоилова бр. 43) кое се откупи со заем од една банка? Каде е имотот на џамијата на Алаџа, за кој се зборува дека е „подарен“ на фирмата „Шмеки“? Каде остана вакафот на муфтиството во Битола? А тој од Ресен, Велес… Ги продаде сите, а во меѓувреме го зголемил својот имот и семејното богатство. Денес Сулејман Реџепи се смета за најбогатиот „реис“ на најсиромашните муслимани во регионот. 

Едно посебно поглавје на овие написи се однесува на „сомнителните врски на Сулејман Реџепи со терористичките структури на ФЕТО. Претседателот на Албанија е познат како поддржувач на ФЕТО. Рефлексија на ова е реакцијата на претседателот на Албанија во врска со екстрадацијата на членовите на ФЕТО од Косово. Сулејман Реџепи наспроти ставовите и официјалните барања на турската влада, се обидел богатството и имотите на оваа терористичка организација да ги префрли како имот на ИВЗ, со цел да му го сочува на ФЕТО валканото богатство. Нормално, турското барање што се однесува на ѓуленистите во Македонија секогаш било одбивано од еден дел од власта што се контролира од Али Ахмети, претседателот на ДУИ”, се подвлекува извештајот.

Во 2016 година Сулејман Реџепи изјавува дека учениците муслимани во Македонија кои одат да се школуваат во Саудиска Арабија се платеници, вахабисти кои имаат симпатии кон ИСИС. Две години потоа, на 11 ноември 2018, од Саудиска Арабија во Скопје дојдоа шест оџи, на покана на Сулејман Реџепи, и одржале верски курсеви на 50-тина имами. 

Турската амбасада бараше да се тргне од интернет страницата на ИВЗ писмото на Сулејман Реџепи до кралското семејство на Саудиска Арабија со поддршка до нив за трагичното убиство на Кашоги. Ова писмо сѐ уште стои на интернет страницата на ИВЗ, пишуваат турските медиуми

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести