Акција на МВР

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 април, 2021 19:11

УАПСЕН КИРЕ СПИРКОСКИ, КОМАНДИРОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ПРИЛЕП, ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ПРЕСРЕТНУВАЊЕ ДРОГА КАЈ ПЛЕТВАР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/Фото: (К. Попов)

Припадниците на МВР денеска околу 14 часот пресретнаа камион натоварен најверојатно со марихуана, во вредност од 800.000 евра. Дрогата била транзит низ Македонија, објави Сдк!

Во полициската акција која сè уште трае уапсен е командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски.

Според информациите од МВР, бројот на уапсени лица не може уште сега да се сумира. Полицијата кај уапсените лица нашла оружје.

Оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела.

Оваа акција МВР ја спроведува со помош на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести