А.Н. бил пронајден од страна на полициски службеници од СВР Скопје, и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2020 11:57

Убиство во скопско Арачиново: Си ја убил сопругата па се обидел да побегне!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во 12.45 минути во Министерството за внатрешни работи е пријавено убиство случено во скопско Арачиново.

-Во 12.45 часот во Полициското одделение Арачиново било пријавено дека во с.Арачиново, во семејниот дом, А.Н.(40) ја усмртил својата сопруга Б.Н.(36), по што го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

А.Н. бил пронајден од страна на полициски службеници од СВР Скопје, и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол.

од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести