Државата е составена од над 100 острови, често се верува дека има 115 острови, но во уставот на Сејшелите се наведени 155 острови.

Објавил: Перо Милчин | 5 февруари, 2020 19:59

Баш му е гајле: Никола Груевски со сопругата на Сејшелски острови: Боркице дали ме снимаш(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На социјалните мрежи осамна видео од екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој во 2018 година заедно со својата сопруга Боркица уживаат на одмор во Сејшелските Острови, кои за жал многу малку граѓани од нашата земја можат да си дозволат овој луксуз.

На видеото можеме да забележиме како екс премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица престојуваат на Сејшелските острови кои важат за една од поскапите дестинации за одмарање.

Пребеганиот Груевски и понатаму е на мета на унгарските новинари кои непрестајно го следат неговото движење. Неодамна беше виден на прием на еден од бродовите на Дунав во Будимпешта. Новинарот Балаж Цеко објави фотографија на својот Твитер профил каде се гледа дека поранешниот премиер беше во друштво со неколку мажи.

Унгарски портали пишуваат дека Груевски, кој со помош на унгарски дипломати пребегна во Будимпешта каде за брзо време доби политички азил поради неговата загрозена безбедност, не изгледал како да е во опасност кога пред неколку месеци, налетал на еден од нивните читатели.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Груевски во Будимпешта е сместен во познат и луксузен хотел во градот, излегува на прошетки, многу често џогира, има посети од блиски лица од Македонија.

За случајот „Тенк“ на СЈО, Груевски е осуден на затворска казна од 2 години. Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блендирано возило кое „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Откако судот донел решение Груевски да одлежи затворска казна од 2 години за случајот „Тенк“ во затворот во Шутка, неговиот тим од адвокати поднел жалби кои биле одбиени на 9 ноември 2018 година, петок, и повторно го потврдиле решението на Груевски за казната затвор. Судот го ограничил да се јави на одлежување на казната најкасно до понеделник. Во понеделникот Груевски не се јавил во затвор и МВР издало национална потерница за него.

Откако судот донел решение Груевски да одлежи затворска казна од 2 години за случајот „Тенк“ во затворот во Шутка, неговиот тим од адвокати поднел жалби кои биле одбиени на 9 ноември 2018 година, петок, и повторно го потврдиле решението на Груевски за казната затвор. Судот го ограничил да се јави на одлежување на казната најкасно до понеделник. Во понеделникот Груевски не се јавил во затвор и МВР издало национална потерница за него.

Следниот ден Груевски преку својата Фејсбук страница ја обавестил јавноста дека се наоѓа во Будимпешта и има побарано политички азил од Унгарија.Поради тоа потерницата за него била преиначена во меѓународна.
Бегството и барањето за политички азил на Груевски во Унгарија предизвикало низа реакции дома и во регионот.

Поради политичката ситуација, и десното и левото крило на опозицијата во Унгарија, остро реагирале и побарале од унгарската влада да го уапси и итно да го екстрадира Груевски назад во Македонија. Сомневајќи се дека Груевски пристигнал во Унгарија преку територијата на Србија, српската опозициона политичка коалиција Граѓански блок 381 побарале отчет за тоа која е улогата на српската влада на чело со Александар Вучиќ во неговото бегство.
Утрото на 27 јуни 2019 година Груевски со лисици на рацете бил спроведен во суд во Будимпешта за да присуствува на рочиште за барањето на македонските власти за негова екстрадација, кое рочиште по барање на неговиот адвокатски тим било затворено за јавноста. Барањето за негова екстрадација од страна на македонското Министерство за правда е поради правосилната двегодишна затворска казна за случајот на СЈО „Тенк“, од која казна тој избега.

Груевски беше во брак со Сузана Арбутина, од која нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се оженил со Боркица Груевска (моминско презиме Манчева), со која имаат две деца.

Одлуката од рочиштето набрзо истиот ден била соопштена и според истата барањето на македонските власти е одбиено и Груевски останува во азил во Унгарија. Според судијката Ева Варежи условите за екстрадација не се исполнети, додавајќи дека не се исполнети ниту условите за меѓународната потерница распишана од македонските власти.

Сејшелски Острови се островска држава во Индискиот Океан. Државата е всушност архипелаг од 115 острови кои се наоѓаат на 1500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.

Во близина на Сејшелите се наоѓаат и останати држави и територии, како на пример Занзибар на запад, Маврициус и Реинион на југ и Коморите и Мајот на југозапад. Вкупната површина на Сејшелите изнесува 451 километар квадратен каде живеат околу 84.000 жители, што ја прави најмала држава во Африка по бројот на населението.

Сејшелите се островска држава во Индискиот Океан и се наоѓаат североисточно од Мадагаскар и околу 1600 км источно од Кенија. Соседни островски држави на Сејшелите се Занзибар (Танзанија) на запад, Маврициус, Родригез, Агалега и Реунион на југ и Комори и Мајот на југозапад.

Државата е составена од над 100 острови, често се верува дека има 115 острови, но во уставот на Сејшелите се наведени 155 острови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...