На оваа делница се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Објавил: Владо Марин | 18 октомври, 2020 12:13

УЛИЦИТЕ ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ И ВОСТАНИЧКА ОД УТРЕ ОТВОРЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ-ГРАДОТ СКОПЈЕ ГИ ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИИТЕ ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екипите на Град Скопје во рекордно време ја завршија реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале. Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.

На оваа делница се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Со нанесување на завршниот асфалтен слој на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, екипите на Град Скопје, ја завршија реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа и изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување. Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година. 

Во текот на денешниот ден ќе биде завршена реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Нова железничка Станица и тоа на потегот од к-ца со булевар Кузман Јосифовски Питу до к-ца со бул. 3-та Македонска Бригада, со што целосно ќе бидат завршени три скопски сообраќајници. Долж улицата освен реконструкцијата на асфалтот од коловозот во должина од 510 метри, реконструирани се и тротоарите, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници.

Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на три општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од бул. Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...