Најпрестижниот и најелитниот Универзитет во САД, Харвард, од пред 5 дена преку програмата Пјер Келер за стипендии за докторанти, започна да го користи името Северна Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 9:04

Универзитетите во САД и официјално не прогласија за Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Државниот секретар за образование на САД, Елизабет Ди Девос, немо го одобри преименувањето на Република Македонија во Северна од страна на Универзитетите во САД.

Имено пред пропаднатиот референдум за промена на името, Армијата на САД во Европа започна да ни се обраќа со Армија на Република Северна Македонија а војниците ни ги нарекуваше Северномакедонски.

Извинувањата следеја по реакции на јавноста, но не и по реакција на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Универзитетот Харвард, преку програма за докторски стипендии, Пјер Келер, упати повик за кандидати од земјите членки на ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција.

По започнувањето на уставните измени во Собранието на Македонија, Универзитетите во САД, официјално веќе не го користат нашето уставно име.

Престижниот Универзитет Харвард отиде чекор понатаму па огласи и стипендирање на докторски студии за кандидати од земјите до ЕУ, Северна Македонија, Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција.

Стипендиите се објавени на 25 октомври, а кандидатите имаат рок за пријавување до 20 јануари следната година.

Универзитетот Харвард или едноставно Харвард е најстариот универзитет во Кембриџ, Масачусетс, САД. Претставува еден од најпрестижните и најелитните Американски Универзитети и е член на таканаречената Бршленова лига, основан во 1636 година. Наречен е по свештеникот Џон Харвард.

Министерот за образование, Арбер Адеми, исто како и неговата “колешка” Шекеринска нема намера да реагира за ваквата скандалозна одлука на академската заедница во САД.

линк до официјалниот повик за докторски стипендии, каде сме наречени Северна Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести